September 30, 2008

30/09 ТЕКСТОТ НА БРОШУРАТА ЗА МАКЕДОНСКОТО ПРАШАЊЕ

ВЕТО за национализмот, милитаризмот и НАТО

Македонското прашање претставува, заедно со грчко-турските односи и кипарското прашање, едно постојано поле за вежбање на грчкиот национализам и, како такво, една перманентна закана за мирот и соработката на народите на Балканот. Таа закана видовме да ја оживува грчката надворешна политика на самитот на НАТО во Букурешт против Република Македонија. Пролетва, од една страна “новиот патриотизам” на Владата и “национално одговорната” позиција на раководството на ПАСОК и од друга страна една Левица која не се осмели да се спротивстави на ветото и да го одбрани правото на соседната земја да одлучува без надворешни уцени, им дозволија на оние што тргуваат со татковината, на оние што имаат моќ во војската, мрачни епископи, и скоро сите медиуми да оргиаат -но и на НАТО да добие една досега невидена политичка и етичка легализација. Во тие рамки, во име на “светото” на грчката нација и скриена зад една милитаристичка организација како НАТО, грчката држава го става под знак прашање постоењето на македонската нација и нејзиниот јазик, крштевајќи ја соседната земја како што сака (“Скопја”...) и и го забранува влезот во меѓународните организации под уставното име.
Ама зад таа “безкомпромисна” национална борба, тешко е да се сокрие обидот за обезбедување на “неопходната” национална слога -неопходна за поддршка на тврдите антисоцијални мерки, како што се реформата на пензискиот систем, распродажбата на јавното богатство и уништувањето на јавното образование. Нажалост, недостатокот на заедничка меѓународна акција од страна на движењето ја даде можноста да се употреби, макар и на кратко, македонското прашање како кршталникот на Силоам, прочистувајќи ги внатрешните поддржувачи на најтврдиот неолиберален напад. Така се потврди дека таканаречените “национални прашања” не се поле каде што се совпаѓаат интересите на целата заедница, туку поле каде “горните” ја организираат политичката, идеолошката и класната надмоќност врз “долните”.
Наспроти таа закана треба да сме начисто. Ги поддржуваме соработката, мирот и пријателството помеѓу народите и затоа сме против секој обид за ожививање на национализмот и милитаризмот, кои се закануваат да го претворат во буре барут напатениот од етнички судири и империјалистички војни Балкан.

“Моќната Грција” рика…

Сцената што се постави по повод самитот на НАТО во Букурешт докажа, заедно со погоре кажаното, и нешто исто така значајно: Колку назадувачка и надвор од реалноста е гледањето на грчкиот капитализам низ призмата на “сиромашна но чесна Грција”.
Во Букурешт, Грција ја бркаше улогата на шеф на Балканот, правејќи сојузи во рамките на НАТО и Е.У. (Франција, Германија), но и пошироко (Русија). Направи “дипломатија на вооружувањето”, ветувајќи им дарежлив дел од грчката програма за вооружување на “сојузниците” (САД, Франција и Русија). Сето тоа не започна, се разбира, во Букурешт. Грција е базичен столб на НАТО и Е.У. на Балканот, далеку најмоќна -политички, економски и воено- земја на Балканот, се натпреварува со другиот кандидат за “шеф” во регионот, Турција и учествува во геополитичките игри на енергетските мрежи, на копнениот и поморски превоз. Таа е земјата што заедно со Турција,инсистира да го задржи задолжителното служење на воениот рок, задолжувајќи ја младината да плати скап данок во крв на милитаризмот: само во Август 2008, пет млади луѓе го загубија животот служејќи го воениот рок и тоа за време на мир. Грција е таа, чии капиталисти контролираат скоро половина од економијата на Република Македонија, пренесувајќи безброј активности во соседната земја и плаќајќи мизерни плата на македонските работници кои работат под неподносливи работни услови, без основни работнички и синдикални права. Грција е таа што не само што не покажа понизност спрема САД туку ја бркаше динамично улогата на шеф во регионот и што осеќа дека дојде времето да ја смени својата воена догма од “одбранбена” во “спречувачка” (за да се искористат подобро системите на вооружување што ќе ги купи во новиот круг на вооружување) и ја отвори дискусијата за нуклеарна енергија.

Натофилски и воинствен антиамериканизам

Таа “моќна Грција” се разбира е натофилска, воинствена, и значаен дел од империјалистичкиот синџир во регионот. И бидејќи е така, настаните докажуваат колку шуплив и Лицемерски е “антиамериканизмот” на тие што ги бранат “националните правдини”.
“Националната кампања” и ветото во Букурешт беа една огромна операција да манипулира со совеста и хранејќи ја “националната публика” со невиден филонатоизам: бидејќи во НАТО можеме да правиме сојузи, да ги браниме нашите “етнички правдини” и да ги изолираме “непријателите” тогаш НАТО е корисен сојуз, кон кој треба да ги исполнуваме нашите обврски. И затоа не е воопшто нелогично што “националниот” антиамериканизам е невиден филонатоизам и на крај филоимперијализам одгледувајќи го всушност во подлабока смисла филоамериканизмот! Затоа, со други зборови и грчката национална ароганција -не само во Букурешт, но и во секоја прилика за микрополитичко искористување: во деновите на панаѓурот во Овчарани, на отворањето на Олимписките Игри, после секоја изјава на Македонскиот премиер– претставува голема рана за идеите и вредностите на интернационализмот и антимилитаризмот.
Од сите наведени -крајно поучни…- искуства, социјалните и политичките сили кои се инспирираат од идеите на интернационализмот и солидарноста должни се да дојдат до еден заклучок: дека единствен антиамериканизам и антиимперијализам што не интересира и што е разбирлив е интернационалистичкиот. Еден антиимперијализам што не само што е разбирливо антивоен, антимилитаристички и антинатоистички, туку се заснова првично во борбата против “нашиот” национализам - милитаризам и во неговите обиди да освои улога на шеф во регионот.
Бараме признавање на соседната земја под нејзиното уставно име. Не е потребно да се обратиме на Страти Миривили -кој не може да биде контролоран за национално предавство- за да го аргументираме постоењето на една нација што од 19 век се самоопределува како македонска, ниту е потребно да потсетиме дека нејзината “македонштина” беше искористена од внатрешната националистичка пропаганда за да се докаже неговото “грчко потекло”. Доволно е да кажеме дека не го признаваме како разбирливо правото на грчката држава да крштева како што сака еден народ, искористувајќи го правото на посилниот и тврдејќи лицемерно дека и е нарушен територијалниот интегритет.
Бараме признаваме на македонскиот јазик, не бидејќи ги поседуваме академските гаранции да разликуваме јазици од дијалекти, туку бидејќи негирањето на македонскиот јазик и неговото сведување на дијалект на бугарскиот јазик е водено од одредена политичка цел: негирање на македонскиот идентитет. Како што е речено и порано, јазик не е ништо повеќе од дијалект што има војска и држава да го поддржува.
Бараме признаваме на македонското малцинство и на сите национални малцинства во Грција, не само за да се воспостават нивните права што им се сеуште погазени, но и бидејќи сметаме дека почитта кон малцинствата е единствено практично одбивање на националистичката асимилација, на фантастичната, спротивно на историјата и докажано опасен стремеж за етничка чистота. Ги браниме правата на националните малцинства во нашата земја, како што се Турците во Западна Тракија бидејќи е хипокризија да се вели дека во Јужна Албанија живеат Грци христијани, а во Западна Тракија живеат Грци муслимани.
Бараме враќање на бегалците од Граѓанската Војна во Грција, не само бидејќи забраната да се вратат во земјата во која што се родиле претставува остаток на нетолеранцијата од граѓанската војна, туку и бидејќи го сметаме за нивно основно човеково право.
Бараме растурање на НАТО и излегување на нашата земја од него, не бидејќи сме генерално “антиамериканци”, туку бидејќи оваа воена машина сее болка и смрт во име на “стабилноста”, на “човековите права” и на “слободата” - на стабилноста што ја воспоставуваат бомбите со збогатен ураниум, на правото на империјализмот да интервенира секаде на земјината топка и на слободата “на пазарот” во искориристувањето и ограбувањето на природните ресурси.
Бараме соработка помеѓу двата народа, не само бидејќи не можеме да живееме во минатото на национализмот и на омразата, но и бидејќи од денес треба да се справиме со трговијата со жени (трафикинг), да спречиме воспоставување на нова централа од типот на Чернобил во нашиот регион, да се бориме против искористувањето и притисоците и од двете страни на границата.
Го застапуваме мирот кој е повекекратно загрозен: Од најголемиот империјалистички механизам во историјата, НАТО, од огромното воено вооружување на военото лудило но и од националистичката и расната нетолеранција и од антагонизмот помеѓу секоја локална власт. Посебно го застапуваме мирот наспроти нападноста на грчкиот национализам и обидот на грчката држава да биде шеф во регионот.

Антинационалистичка Антимилитаристичка Иницијатива
Септември 2008
Цамаду 13, Атина * http://antinationalistic-antimilitaristic.blogspot.com * antinat_antimil@yahoo.gr