MITROV ALEKSANDAR
Здраво, мене ми припадна среќата да зборувам последен денес и многу сум среќен што останавте до крај. Не сме малце, многу сме тука, наша е одговорноста, наша е свеста, ние сме тиа што се осмелуваме да зборуваме за оние прашања што не мачат и во Македонија и во Грција.
Убаво е тука да има претставници, можеби има, од луѓето во власта во Република Македонија и Република Грција, да видат дека е лесно да се говори и за најгорливите прашања кога се поаѓа од хумано гледиште и кога не им се врти грб на вистината и на реалноста.
Значи ако вината за оваа ситуација на пораст на национализмот во двете земји и на меѓусебната омраза е во владите на нашите земји, тогаш одговорноста за нешто да смениме е на нас. Тие веруваат дека имаат свои интереси да ја држат ситуацијата ваква каква што е денеска или пак исполноваат интереси на некои поголеми сили кои ја креираат политиката во светот. Но нои сме убедени дека треба да се сакаме, а не да се мразиме.
Единствена сила во светот која може да донесе решение на овој спор за името и која може да ги убеди владите на двете земји да донесат заедничко решение е силата која стои зад администрацијата на Соединетите Американски Држави и НАТО, тоа е сплет на големи индустрии и капитал и тоа се вистинските наследници на Александар Македонски затоа што размислуваат освојувачки како него и сакаат да го наметнат своето мислење и својот начин на функционирање на сите краишта на светот.
Дека нашите општества и државите кои тие општества ги создаваат и кој потпаѓаат под еден термин наречен западна цивилизација се опшества кои се темелат на многу нечовечки и нелогични темели може да потврди фрустрацијата која сите ние денеска ја чувствуваме. Од тука често се прашувам што не тера денес како нормални луѓе да го одржуваме овој систем на социјални и економски односи кој што не прави толку несреќни. И секогаш кога размислувам доаѓам до едно единствено и многу просто решение, а тоа е стравот. Стравот од смртта е тој што не тера да веруваме и да бараме утеха во се што е површно и нелогично, да ја забораваме реалноста и да бараме компензација конзумирајќи различни средства кои не прават само понесреќни.
Затоа мислам дека треба свесно и одговорно да се соочиме со тоа дека животот ни е даден еден и единствен, тоа е природно, треба да го искористеме за убаво и за нас. На крајот на краиштата ние сме среќните сперматозоиди и треба да го посветиме животот во подобрувањето на животот на планетава за да создадеме подобри услови за нови и нови среќни сперматозоиди.
Денес го трошиме слободното време на секаков вид забава која ке не оттргне од размислувањето за суштинските прашања и сакаме да си го заматеме умот и свесно да функционираме во реалноста со одговорностите кои што ги имаме. Многу луѓе денеска работат за да немаат слободно време или пак заработоваат за да можат да ги задоволуваат своите измислени и страдалнички потреби.
Ајде да се ослободиме еднаш засекогаш од погрешните интерпретации на уживањето. Зарем веруваме дека оној кој поседува десет автомобили, десет куќи или оној кој има харем од десет љубовници е среќен и е задоволен од нивното конзумирање. Ништо не може да го задоволи човекот како што тоа може да го направи свесната и одговорна работа и посветеност кон себе и кон општото добро на заедницата. Ништо не може да се спореди со уживањето во социјална хармонија и природната поврзаност со судбината на планетава.
Кога ќе престанеме да се плашиме никаков национализам не ќе може да не заведе, никаква војска не ќе може да ја совлада вистината. Време е да го надминеме принципот на натпревар кој не дели на победници и губитници на индивидуално, групно, национално, расно ниво, затоа што на ниедно поле не постои фер натпревар и никогаш не победува најдобриот туку победува оној кој игра највалкано.
Затоа да го воспоставиме принципот на напредок при што ќе се делиме на понапредни и оние кои напредуваат. Ајде да ги надминеме парите како универзален критериум на човековата вредност, па да ја воспоставиме пособноста како мерило за споредување.
Можеби ова ви делува идеалистички, но ве потсетувам дека дури и процедуралнава демократија која денеска ја уживаме и во која живееме нуди инструменти со кои може да го смениме светот. Ако почнеме сега сите со свесна активност тогаш можеби нашите внуци ќе ги почувствуваат резултатите на нашата работа.
Па нека ни е со среќа и да живее слободниот ум.