June 12, 2008

12/06 СООПШТЕНИЕ - АТИНА (македонски)

АНТИНАЦИОНАЛИСТИЧКА АНТИМИЛИТАРИСТИЧКА ИНИЦИЈАТИВА
СООПШТЕНИЕ – ПОКАНА

Атина, 12/06/2008
Не ни е закана Република Македонија, закана ни се национализмот, милитаризмот и НАТО
Политичка трибина – Атина – Технички Универзитет – Зграда Гини
Петок 20 Јуни 2008, 19:00 часот

Говорници:
Од Република Македонија: Ивица АНТЕСКИ (новинар),
Александар МИТРОВ (Иницијатива за Повлекување на Македонските Војници од Ирак “Не Пиеме Нафта”)
Од Грција: Никос ЈАНОПУЛОС, Тереза КЕФАЛОЈАНИ
(Антинационалистичка Антимилитаристичка Иницијатива)
Тасос Костопулос (новинар – историчар)
Модератор Алексија Цуни

· БИДЕЈЌИ сметаме дека пријателството и соработката на балканските народи и нивните заеднички борби против локалните национализми и милитаризми се единствена гаранција за мир и социјална правда на Балканот...
· БИДЕЈЌИ се спротивставуваме на економското освојување од “силната Грција” која ги злоупотребува работниците во соседната земја и во останатите балкански земји...
· БИДЕЈЌИ не прави бесни извртувањето на реалноста, каде што Грција бара од соседната земја да се нарекува како што таа сака, обвинувајќи ја истовремено за постојани антигрчки провокации...
· БИДЕЈЌИ треба да се почитува правото на соседниот народ на самоопределување, значи да се почитува македонскиот национален идентитет, затоа што само така може да се обезбеди заедничко живеење во мир помеѓу соседните народи...
· БИДЕЈЌИ не револтира се пошироко прифатеното и потполно параноично негирање на постоењето на јазикот на соседната земја...
· БИДЕЈЌИ бараме право на враќање во Грција на “Македонците по род” политички бегалци од граѓанската војна...
· БИДЕЈЌИ бараме да се признаат правата на македонското малцинство во Грција...
· БИДЕЈЌИ е смешно, примарно за тие што го употребуваат, сето тоа брборење за “таканаречена држава”, “таканаречен јазик”, “таканаречена црква”, “таканаречен аеродром” и сл...
· БИДЕЈЌИ Грција, иако се залага за мир, продолжува да вложува во огромни воени вооружувања, да испраќа војници во мисиите на НАТО,од Косово, па до Авганистан и Ирак, да ги гони приговарачите на совеста (Лазарос Петромелидис неодамна беше осуден на три години затвор), да ја зачувува задолжителната регрутација и да бара регрутација на 18 години за сите, интензивирајќи го милитаризмот и моќта на војската...
· БИДЕЈЌИ, за крај, живееме во една ситуација каде власта сака да не натера да ја заборавиме скапотијата, продажбата на јавните претпријатија, обидите за распад на државното образование и скандалите, зборувајќи за опасност по “безбедноста” и за “криминалот” на терет на емигрантите, на маргинализираните и на соседните народи...

Ја организираме оваа политичка трибина на меѓународна солидарност, како продолжение на настанот во Скопје на 17 Мај.

Без да веруваме дека национализмот претставува ексклузивна привилегија на Грција, свесни за постоењето на национализмот и во соседната земја, се бориме во соработка со пријателите и пријателките од “другата страна” кои се борат против нивниот национализам , за едно заедничко движење не само против национализмот,туку и милитаризмот.

Во пресрет на потпишувањето на Протоколот за членство во НАТО во Јули, заедно со антимилитаристички организации од Република Македонија, го осудуваме НАТО и секоја друга империјалистичка организација и бараме оддалечување на нашите земји од НАТО и негово распаѓање.

На трибината ќе биде прикажан краток филм од заедничките настани што се одржаа во Скопје на 17 Мај.

КОНТАКТ:
0030 2103813928 (16:00-22:00) Цамаду 13А, Ексархија, Атина, antinat_antimil@yahoo.gr, http://antinationalistic-antimilitaristic.blogspot.com