May 31, 2008

30/05 СООПШТЕНИЕ (македонски)

АНТИНАЦИОНАЛИСТИЧКА АНТИМИЛИТАРИСТИЧКА ИНИЦИЈАТИВА

СООПШТЕНИЕ

МАГАРЕТО ГО НАРЕЧЕ ПЕТЕЛОТ ГЛАВУЧ

За “ нови провокации од Скопје” зборуваат деновиве грчките медиуми во врска со изјавите на Архиепископот на Македонската Православна Црква. Се повикуваат на наводните задни намери на малата соседна држава кон Грција, обидувајќи се да ги употребат националистичките рефлекси на општеството за да заборави на тоа што “треба” (сиромаштија, невработеност, приватизации, пензиските и образовните реформи, екологија, прехранбени опасности итн. ). Се регрутира повторно “ опасноста од север” што ја среќаваме во различни форми веќе 60 години за да направат миење на мозокот на обичните граѓани со националистички, неправедни напади врз Република Македонија и со постојано непочитување и подбив.

Ги потсетуваме уште еднаш оние што бараат “жешки вести” дека Архиепископот Стефан што ги направи тие изјави можеби е исто апсурден со Митрополитот Антимос, кој повеќе години е свртен кон безбројни изјави на потценување и омраза кон народот на нашата соседна земја без казна или барем критика од национално сензитивните медиуми кои денес врескаат за “ нови предизвици од Скопје”. Тоа требаше нешто да ни покаже околу тоа што поддржува голем дел на православната христијанска црква но и за медиумите и нивните обиди да ја зајакнат Владата, од Букурешт и потоа.

Како беше создаден современиот состав на поширока Македонија се крие постојано по секоја цена: со војни, со етнички чистења и бегалци.

Но можеме сигурно да кажеме дека македонскиот јазик навистина е гонет во Грција, исто како и македонското малцинство и политичките бегалци од македонска националност на кои никогаш не им беше дозволено да се вратат во родниот крај како што тоа го сторија останатите бегалци.

“Провокација на Скопјаните” е што ја нарекуваат нивната земја Македонија, нивната Православна Црква (за тие што се Православни Христијани, се разбира) Македонска и нивната националност и јазик исто така Македонски. Значи тоа што се обидуваат да постојат, исто како и другите народи. Тоа не го поднесуваат “шефовите на Балканот”. И ако некој бара предизвикувачки изјави и потези, може да ги побара во изјавите и во работата на политичките претставници на грчката држава.

Изгледа дека поговорката што ја употребивме во насловот може да го изрази несфатливото превртување на реалноста што повторно се вжешти со казната што Грција успеа да и ја наметне на Република Македонија затворајќи ја прекрасната “порта на рајот “(НАТО).

Сакаме веднаш да престане овој театар на апсурдот, значи логиката на шефови(балкански) и затоа, заедно со антинационалистички и антимилитаристички организации од Република Македонија остваривме на 17 мај акции на интернационална солидарност во Скопје, со наслов “ВЕТО ЗА НАЦИОНАЛИЗМОТ, ЕМБАРГО ЗА МИЛИТАРИЗМОТ, НАДВОР ОД НАТО”. Слични акции ќе следат и овде и таму.

Сакаме да ја искажеме нашата солидарност и почит за граѓаните на нашата соседна земја, кои се на нишанот на “моќната Грција” како во поглед на името на нивната земја, нивната националност и јазик, но и искористувањето на кое се изложени од страна на средните и големите грчки компании.

Контакт: antinat_antimil@yahoo.gr, 210-3813928 (16-22 часот)